Објавено на:

Левица организира тридневен марш од 120 километри за 120-годишнината од загинувањето на Даскалот Делчев

t

Тим на Левица организира марш од 150 километри во чест на 120 годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер, Гоце Делчев.

-Утринава, тим составен од високи претставници од Централниот комитет на Левица, тргнаа од Гевгелија на тридневен марш кон вечното почивалиште на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и членови на Секторот спорт, синоќа го посетија тимот кој беше во последни подготовки во седиштето на огранокот Левица – Гевгелија, каде на средба со тимот им посакаа успех на маршот кој е во должина од повеќе од 150 км.

Тимот е предводен од советникот Саше Јанчев, кој по трети пат го води маршот, а оваа година појачување се и Реџеп Исмаил – Хактан, Александар Симонов и Амар Мециновиќ. Делницата е на потегот од Гевгелија – Демир Капија – Велес – Скопје до гробот на Гоце Делчев во Св. Спас, а попатно ќе им се приклучат и други членови од локалните ограноци на Левица низ Македонија.

Тимот се очекува да пристигне во Скопје во проширен состав на денот на одбележување на 120 годишнината од смртта на Делчев, на 4. мај, каде ќе бидат пречекани и заедно ќе се поклониме пред вечното почивалиште на македонскиот херој, учител и револуционер, Гоце Делчев.

Им посакуваме успех и лесни нозе и ги очекуваме во Скопје, на 4. мај. – соопштија од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…

Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…

Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…

Благодарение на силниот и истраен притисок од…