Бугарин регистрирал 2.500 домејни на интернет поврзани со македонски музеи и култура

t

Бугарскиот државјанин Ангел Василев во јануари годинава закупил околу 2.500 домејни од Македонската академска истражувачка мрежа- МАРнет, дознава „Република“

Конкретно се работи за закупени домејни со префикси Мк, Ком.Мк, Орг.мк, поврзани со македонски музеи и култура.

Еден од нив е и домејнот „музејтеракота.мк“. Овој музеј од Виница има само Фејсбук страница, но не и интернет страница.

Ваква и слични страници поврзани со македонска култура и музеи и установи нема да можат да бидат регистирани бидејќи се веќе закупени од извесен Василев кој живее во Плевен.

„Република“ се обрати до Василев и го праша поради кои причини ги закупил овие домејни но не добиле одговор.

Содржината продолжува после огласот

Мора да се напомене дека закупот на вакви домејни не е незаконски и за тоа се плаќа годишен закуп. Симптоматично е што ова се прави од бугарски државјанин во период кога од источниот сосед сме изложени на културен, јазичен и историски притисок. Согласно Законот за слободен пристап до инфорамции од јавен карактер испративме прашање и до МАРнет и по еден месец чекање не добивме одговор, пишува Република.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…