Детали од партиските состаноци: Мицкоски ако сакал да биде премиер морал да донесе две тешки одлуки – клучната е внесувањето на Бугарите во Уставот!
Речиси и да не постои изјава на претседатлот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како и членовите на потесното раководството на партијата во кое давањето ветување дека нема да гласаат за промените на уставот со цел внесување на Бугарите не е проследено со зборовите дека нема да има промена на уставот, нагласуваат “во овој парламентарен состав”.
Никој повеќе во оваа држава не верува во случајности, па така кога Мицкоски папагалски го повторува прецизирањето: “во овој парламентарен состав”, тоа не може да е случајно. Само последен во низата беше Антонио Милошоски кој пред неколку дена ја повтори не многу интелегентно одбраната стратегија на неговиот шеф, односно играњето на картата дека народот нема да навлезе во детали за пораката која ја испраќа Мицкоски до одредени центри на моќ.
Ова јасно укажува дека нивниот план е да не гласаат за уставни измени во следните парламентарни избори.
Лавирањетово ставовите на Мицкоски повеќе не е изненадување за пошироката јавност, а како што дознава Инфомакс во зимската посета на најголем дел од општинските комитети, Мицкоски секогаш ја повторувал оваа фраза: “…во овој парламентарен состав” кога говорел за уставните измени.
Тоа не биле само средби со потесното раководство на општинските комитети, туку во речиси сите посети поканети биле претседателите, подпретседатлеитеи. секретарите на месните комитети, членовите на советите во општините, градоначалници и претседатели на совети таму каде ВМРО-ДПМНЕ ги има, пратеници од таа изборна единица каде се наоѓа општинскиот комитет, директори и заменици директори на локални претпријатија, разни партиски кординатори, секретари и потсекретари, преставници на унијата на жени, унијата на млади и унијата на ветерани и група која секогаш со себе ја носи Мицкоски.
На дел од средбите како што дознаваме присутните не го коментирале ова укажување дека партискиот врв или барем самиот Мицковски има неформално одлучено по изборите на кои очекува победа и формирање влада, да пристапи кон промена на уставот. Но, на дел од тие средби со членството одредени поединци барале дообјаснувања што тоа значи, на што најчест одговор бил повторување на истата фраза, односно дека тоа значи дека во овој парламентарен состав нема да има промена на уставот.
Првиот човек на партијата исто така во своите настапи кажувал: “по изборите ако сакаме да формираме влада и да сме власт, ќе мораме да донесеме две тешки одлуки”, не наведувајќи кои се тие одлуки, но кажано на начин што на сите им било јасно дека едната е токму одлуката за промена на уставот.
Нејасно е која е втората тешка одлука која ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ја донесе кога ќе дојде на власт. Останува отворено прашање што Мицкоски премолчува, и за што ги подготвува активистите на партијата за носење на уште една непопуларна одлука освен промената на уставот заради вметнување ја Бугарите во него. При тоа, реченицата секогаш завршувала со зборовите:”…освен ако не сакаме уште четири години да си седиме во опозиција”.
На повеќето вакви средби, Мицкоски имал покуси или подолги средби пред и после состанокот со сите присутни, на кој биле најтесен круг односно најважните 5-6 личности од општинското раководство на партијата, и на тие состаноци Мицковски отворено говорел дека по изборите ќе мора да се изгласа промена на уставот бидејќи без тоа странците немало да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да формира влада.
Јасно е дека информациите за тоа дека Мицковски пред амбасадорите на другите земји отворено бара да му се дозволи прво да победи на изборите па потоа да гласа за промена на Уставот се точни. Значи тој не им вели дека ВМРО-ДПМНЕ е против оваа одлука, туку дека не и одговара сега да ја подржи бидејќи ќе ја загуби подршката од дел од гласачите.
Да не заборавиме дека на слични затворените состаноци пред странските преставници, Мицкоски истото го правеше и за преспанскиот договор и се сеќаваме тогаш како еврокомесарот Јоханес Хан даде изјава дека Мицковски му ветил дека нема да направи опструкција во парламентот со која ќе ја попречи смената на уставот.
„Корисен разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на конгресот на ЕПП во Хелсинки. Бев кристално јасен дека ратификацијата на Преспанскиот договор мора сега брзо да се заврши, без никакви пречки. Ја поздравувам неговата посветеност да не ја попречува постапката во Парламентот. За евроинтеграцијата треба лојална опозиција“, напиша тогаш Хан на својот Твитер профил.
Мицковски всушност се подготвува за изборна измама на неговите гласачи, верувајки дека никој во оваа фаза нема да го анализира неизоставното прецизирање за тоа кога нема да има уставни измени “…во овој парламентарен состав”. Претпоставка е дека по изборите, слично како што направи премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски кога требаше да се деблокира земјата за отворањето на скрининг процесот со ЕУ, прво рече “не доколку нема измени на текстот” на Францускиот предлог, а ден-два подоцна, прогласи “победа” дека издејствувал промена на текстот која беше сосема несуштинска, беззначајна и не менува ништо во позитивна насока за Макеоднија, но со поткрепа на медиумите тоа го продаваше како суштинска измена. Измената од два збора беше толку неважна и суштински не менува ништо, што денес никој веќе неможе да се сети на таа измена.
Се чини дека таков измамнички трик планира и Мицковски откако би дошол на власт.
Јасно е дека Мицкоски споделувајќи го планот со 3.000-4.000 илјади најлојални партиски активисти кои имаат и личен интерес да молчат бидејќи сите тие ќе добијат функции ако партијата формира влада, всушност им кажува, им соопштува нешто што со слободен речник, “без ракавици” и “без обланда”, може да се преведе вака: “ајде сега ние до избори вака групно ќе го лажеме народот дека нема да гласаме за промена на уставот, за да глумиме патриоти и бранители на националниот и интерес, а потоа, одкако добро ќе го излажеме народот и ќе гласа за нас, кога сите тука ќе си добиеме убави државни функции, ќе смислиме некое оправдување и ќе го гласаме уставот за странците да не остават да владееме на раат”.
На тој начин тој сите активисти ги прави соучесници во измамата и има оправдување и пред нив, а со тоа што “сто пати ” прецизирал дека ветувањето важи само за овој парламентарен состав, создава објаснување за пред сите тогаш веќе налутени заради измамата гласачи по изборите да каже: “ама јас не ве излажав, погледните ги снимките, јас ветував дека само во тој парламентарен состав нема да подржиме уставни измени. Вие веројатно не сте забележале, јас си бев конкретен, прецизен и искрен…”.
Исто така, тој со оваа фраза “…не во овој парламентарен состав” оди и кај преставниците на меѓународната заедница и им вели: “ете гледате, и јас и цело раководство јавно кажуваме дека само во овој парламентарен состав нема да се случи промена на уставот, но после…нека никаков проблем”.
Можеме да констатираме дека ВМРО-ДПМНЕ која пред само седум години во 2016 година се подбиваше со Љубе Бошковски кој беше фатен на видео снимка како на преставник на грчката влада земајќи пари од него кои ги пратила владата на Грција како поткуп за да се смени името на државата, му вели дека до избори ќе го лажи народот дека е патриот и дека нема да дозволи смена на името, за да му ги земел гласачите на Груевски, а потоа ќе го решел името за два дена заедно со соговорникот, при што констатираат дека “Северна” не е никаков проблем, си доби друг “Љубе” и тоа ни помалку ни повеќе на чело на декларативно најпатриотската партијата во Македонија.
Немојте да се сомневате дали и новиот Љубе ќе ја наплати добро услугата од Бугарите, како стариот “Љубе” од Грците. Особено сега кога клучен сојузник му е Заев кој нели своевремено пешки ја поминуваше границата со Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ал Шара: САД ја отстрани Сирија од…
Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја поздрави одлуката…
ДУИ: Официјални документи докажуваат дека проектот Скопје-…
Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба…
Протест на земјоделците од струмичко, бараат повисока…
Само неколку дена траеше договорот за откупната…
Сите државни ресурси ангажирани на терен за…
Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности…
(Видео) Украински пилот со „бакнеж на смртта“…
На социјалните мрежи се прошири видео на…