НЕМА ЗИМА ЗА НИВ: „Легнаа“ повисоките плати за околу 1000 функционери – најголемо зголемување за Џафери, Пендаровски и Ковачевски!

t

Легнаа првите плати повисоки за 78%. Сител дознава дека поголем дел од функционерите веќе се офајдиле со енормното покачување. Меѓу нив се Пендаровски и Џафери, министерствата за внатрешни работи, финансии, економија и здравство, Царина, пазарниот инспекторат, УЈП, ЕЛЕМ и МЕПСО, како и уставните судии кои ги одмрзнаа платите.

Сите останати ќе добијат прилив на сметките најдоцна за три дена. Се уште не добил плата и вицепремиерот Маричиќ кој интересот за платите на функционерите го нарече естраден.

„Не сум добил плата се уште, не сум приметил. Тоа е одлука на Уставниот суд според која се исплаќаат платите и ние тука немаме никакво влијание. Најважно е да се реши на системски начин. Се друго ќе не доведе во ситуација да се поткопа улогата на фунцкијата на јавниот сектор или да се сведе на естраден интерес за јавноста“, изјави Бојан Маричиќ, вицепремиер.

Системското решение во превод значи носење на законот за систем на плати во јавниот сектор, кој според власта треба да стави ред во хаосот. Но, законот е далеку од примена затоа што се уште се уредува, откако сите синдикати бурно реагираа на неговата нацрт верзија. Се додека не се донесе законот, функционерите ќе ги земаат зголемените плати. Не им се брза ниту на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму денеска велат дека за тоа ќе ја чекаат власта.

Со месечна плата од над 166 илјади денари, најплатен функционер во државата е спикерот Џафери. Тој зема поголема плата и од Пендаровски на чија сметка веќе легнале 165 илјади. На трето место е премиерот со околу 156 илјади денари. Министерските плати, пак, ќе се движат од 150 до 120 илјади. А пратениците, по ново, ќе земаат 106 илјади денари.

Според бројките, работник на миминалец, ќе треба да работи 8 месеци за да заработи една премиерска плата.

Извор: sitel

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте загриженоста во Иркутск: Откажана традиционалната градска…

Градските власти во Иркутск, Сибир, ја откажаа…

Трамп потврди: Имаше закана за американските бомбардери…

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека американските…

Сиљановска-Давкова: ЕУ вели дека нема проблем со…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека Македонија презела…

Арагчи: Иран ќе ги искористи сите дипломатски…

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…

Братот на кралот Чарлс ја тужи полицијата…

Поранешниот британски принц Ендрју Маунтбатен-Виндзор отвори правна…