Српските медиуми анализираат: Ученикот кој уби девет лица не може кривично да одговара!
Ученик од 7-мо одделение ООУ „Владислав Рибникар“ К. К. (13), кој утринава застрела осум ученици и ученички, како и чувар во училиштето, а тешко рани шест ученици, како и една професорка, не одговара кривично.
Согласно Законот за малолетни сторители и казненоправна заштита на малолетни лица, К. К, е кривично неодговорен бидејќи не наполнил 14 години, пишува српска “Политика”.
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, таткото на ова момче В. К. (48) му е одредена мерка притвор до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело Тешки дела против општото обезбедување.
Претходно, увид на лице место извршија дежурни заменици јавни обвинители на Одделот за општ криминал и Одделот за малолетници на Вишото јавно обвинителство Белград, кои наредиле во присуство на вработени во Центарот за Социјална работа од К. К. да земе изјава и да изврши лекарски преглед, по што Центарот ќе одлучи какви дополнителни мерки ќе преземе во негова надлежност.
Исто така, било наредено дека на К. К. ќе му се земе крв за токсиколошка анализа, за да се утврди дали во моментот на делото бил под дејство на алкохол, наркотици или други психотропни супстанци.
Се истражуваат сите околности на овој случај, како го добил пиштолот, како и мотивите на ова грозоморно злосторство.
Вишиот јавен обвинител во Белград, Ненад Стефановиќ, во свое име и во име на целиот колектив на ВЈТ, во оваа прилика изразува искрено сочувство до семејствата на децата и училишните работници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Тројца уапсени во Србија по пад на…
Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…