ЕУ ќе носи директива за појаснување што е тоа корупција
Европската комисија денеска ја објави својата намера да напише антикорупциска директива која ќе ги стандардизира мерките против неа во сите земји на ЕУ. Ќе вклучи нови и построги правила за криминализирање на коруптивните престапи и усогласување на казните низ ЕУ, како и предлог на високиот претставник, поддржан од Комисијата, да се создаде специјален режим на санкции според Заедничката надворешна и безбедносна политика (ОВППС) насочени против сериозни акти на корупција ширум светот.
Корупцијата ја чини економијата на ЕУ најмалку 120 милијарди евра годишно, проценува ЕК. Податоците на Евробарометар покажуваат дека во 2022 година, речиси седум од десет Европејци (68%) сметале дека корупцијата е широко распространета во нивната земја, а само 31% сметаат дека антикорупциските напори на нивната влада биле ефективни.
Во институциите на ЕУ се применува нулта толеранција за корупција, наведуваат од Евокомисијата, иако скандалот со потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили, која беше уапсена за корупција, е сосема скорешен. Брисел се залага за усогласување на дефинициите за кривичните дела кои се гонат како корупција за да се опфатат не само мито, туку и проневера, трговија со влијание, злоупотреба на службената положба, како и попречување на правдата и незаконско збогатување поврзани со корупциски дела. Предлогот ги прави сите злосторства според Конвенцијата на ОН против корупцијата обврзувачки во правото на ЕУ и ја обединува корупцијата во јавниот и приватниот сектор.
Се зголемува висината на казнените санкции за физички и правни лица и се усогласуваат отежнувачките и олеснителните околности. Ќе се воведат минимални статути на застареност за да се обезбеди доволно време за да се изведат корупциски прекршоци пред лицето на правдата. Во некои земји, застареноста на корупцијата истекува по три години.
Предложената антикорупциска директива ќе треба да биде договорена и усвоена од Европскиот парламент и Советот пред да стане закон на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…