Македонија застанува на страната на демократскиот и слободен свет, вели Ковачевски
„Руската воена агресија врз Украина, која се уште трае, до таа мерка ги смени глобалните односи што итно се наметнува потребата од повторно препознавање на нашата референтна правна рамка, донесена од страна на основачите на ООН. Нивната јасна намера била избегнување на ужасите од војната. И овој пат како и многу пати досега Република Макеоднија цврсто застана на вистинската страна на историјата, на страната на демократскиот и слободен свет, на страната на правото на секоја земја за самоопределување“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање, како прв македонски премиер на отворената седница на високо ниво на Советот за безбедност при Обединетите Нации.
Тој додаде дека денес сите земји мора повторно заедно да застанат на страната на мирот и да се заложат за почитување на Повелбата на Обединетите нации.
„Како рамноправен дел од тогашната Федерација која била меѓу основачите на ОН, но и како држава која пред 30 години се стекна со свое самостојно место во оваа Организација, Република Македонија го крева својот глас и ја споделува крајната загриженост од кризата која ја притиска Организацијата на Обединетите Нации, но и меѓународниот правен поредок, светскиот мир и стабилност“ рече Ковачевски.
Тој додаде дека Новата Агенда за мир на Генералниот Секретар Гутереш е шанса што треба да се искористи и во функција на создавање услови за многу поединствена акција, со свест за растечките ризици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…