Најнови информации од масакрот во Белград: Ранетите момчиња се стабилни, девојчето е во критична состојба и се бори за живот
Вршителот на должноста директор на детската клиника во Тиршова, Синиша Дучиќ, утрово изјави дека девојчето повредено по пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград е во критична состојба и витално загрозено, додека двете примени момчиња се стабилни и се очекува да бидат пуштени за неколку дена на домашно лекување.
„Девојчето на кое вчера итно беше оперирана поради повреди на главата е витално загрозено, во критична состојба и на интензивна нега. Лекарите прават се за да ја одржат во живот, но нејзината општа состојба е многу тешка и е витално загрозена“, изјави Дучиќ за новинарите од Танјуг и РТС.
Тој рече дека двете момчиња со прострелни рани на долните екстремитети се стабилни, примаат антибиотска терапија и додаде дека може да се каже дека момчињата се полесни пациенти, односно имаат полесни физички повреди.
Според Дучиќ, момчињата мора да добијат парентерална антибиотска терапија и најверојатно ќе бидат пуштени дома многу брзо, за два-три дена.
„Родителите ги посетија момчињата, нашиот психолог беше вклучен од самиот почеток. Телефонски комуницираат и со родителите“, изјави в.д. директор на клиниката во Тиршова.
Тој рече дека операцијата на девојчето била исклучително тешка, бидејќи се работи за сериозна повреда на мозокот и се наоѓа на интензивна нега, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…