Објавено на:

Нацистот Џамбаски со писмо до ЕК: Нема место за Македонија во ЕУ

t

Копретседателот на ВМРО-БНД и бугарски европратеник Ангел Џамбаски ја алармирал Европската комисија за, како што вели, уште еден таргетиран чин на омраза кон претседателот на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола.

-Оваа Македонија никогаш нема да биде во ЕУ! Уште една антибугарска, ксенофобна, недозволива, неприфатлива политичка репресија врз македонски Бугарин, поради неговата бугарска национална самосвест. Вечен срам и за „бугарските“ политичари, кои му свртеа грб на понижувачкото национално предавство, објавил Џамбаски.

Реакцијата на европратеникот доаѓа откако македонското Јавно обвинителство покренало обвинение за расизам и ксенофобија против Љупчо Георгиевски, претседател на здружението „Иван Михајлов“.

Џамбаски достави писмо до Европската комисија, барајќи одговори на прашањата „кога Комисијата ќе предложи прекин на преговорите со Македонија, поради неисполнување на обврските во однос на почитувањето на човековите права и како ќе реагира на целното гонење на луѓето поради нивното самоопределување?“

-Овој случај, измислен и неоснован, е дел од серијата акции за заплашување на Бугарите во Македонија. Ова е лицето на државната политика кон бугарската заедница. Не се споменува добрососедство и ветувањата на властите. Напротив, има акции за клевета и заплашување на секој кој отворено се декларира како Бугарин, посочува и копретседателот на ВМРО-БНД во своето писмо до Европската комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ од утре со нови правила за…

Во Европската унија од утре се менуваат…

ЕУ гарантира итна помош по земјотресот во…

Европската Унија издвои во првиот круг 100.000…

Полска стана шеста економска сила во ЕУ,…

Полската економија станува се позначајна во Европската…

Москва го пофали Радев

Москва забележува промена во реториката на Софија…

Дрон влегол во бугарскиот воздушен простор и…

Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија…