Контраофанзивата ќе предизвика само крвопролевање, предупредуваат Русите
Поттикнувањето на Западот на контраофанзива на Киев само ќе доведе до крвопролевање и натамошна ескалација на конфликтот, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Михаил Галузин во интервју за „Известија“.
Дипломатот изјави дека испраќањето западно оружје во Киев и „охрабрувањето на неговите идеи за контраофанзива“ ќе доведе до натамошна ескалација на конфликтот и крвопролевање. Галузин го нарече предавањето на западното оружје на Украина глупаво и неодговорно.
„Сакам да го предупредам режимот во Киев и неговите западни спонзори за тажните последици од тоа што го планираат“, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи.
Според него, вооружените сили на Русија се подготвени за секаков развој на настаните и додаде дека ниту Киев ниту Западот нема да имаат профит од тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…