Објавено на:

Две деца и натаму се во критична состојба по вчерашниот масакр во учлиште во Белград

t

Две деца и натаму се во критична состојба по вчерашниот масакр во белградското училиште „Владислав Рибникар“, што го изврши 13-годишен ученик, кој со пиштол уби осум деца и чуварот на улиштето.

Состојбата на останатите петмина повредени е стабилна, вклучувајќи ја и наставничката по историја, на чиј час упадна младиот напаѓач.

Директор на ургентниот центар рече дека тројца од четворицата повредени се будни и во стабилна состојба, лекарите разговараат со нив. Станува збор за двајца ученици и еден наставник.

„Што се однесува до четвртиот пациент, тој дојде со тешки, сложени, прострелни повреди на градниот кош, вратот и кичмата, имаше две операции. Подобро е, буден е, но мораме да бидеме многу внимателни и да се квалификуваме дека состојбата е критична. Денеска ќе имаме серија прегледи и скенирања за да ги видиме ефектите од операциите“.-Д-р Милика Ашанин, Директор на Клинички ценатр Србија.

Директорот на Тиршова, д-р Синиша Дучиќ, изјави дека двете момчиња со прострелни рани на нозете кои биле сместени во таа клиника се стабилни, додека девојчето на кое итна операција со повреда на главата е витално загрозено и е во критична состојба.

-Лекарите прават се за да ја одржат во живот, но нејзината општа состојба е многу тешка и е витално загрозена. Засега не се планирани нови операции, – д-р Синиша Дучиќ, Директорот на Тиршова.

Инаку полицијата вчера го уапси таткото на седмоодделенецот и му одреди 48-часовен притвор, додека вишо јавно обвинителство во белград соопшти дека тој не може да се смета за кривично одговорен зашто сè уште нема наполнето 14 години. Исто така, не постои законска основа за негово бркање од училиштето, туку само може да биде преместен во друго.адвокатката на напаѓачот Ирина Боровиќ кажа дека тој е префрлен во центарот за социјална работа, а по разговорите со психолог и психијатар ќе се знаат следните чекори..Француското министерство за надворешни работи соопшти дека меѓу жртвите во вчерашното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград има ученичка од француска националност, пренесува МИА.

Синоќа во Белград неколку стотици граѓани се собраа пред основното училиште во населбата Врачар каде беа убиени осум ученици и еден вработен во обезбедувањето на училиштето.

На Цветниот плоштад, кој се наоѓа во близина на училиштето каде се случи трагедијата се собраа неколку илјади граѓани. граѓаните им оддадоа почит на жртвите, положувајќи цвеќе, палејќи свеќи и оставајќи играчки. Почит на жртвите се оддаваше и на плоштадот на слободата во нови сад, каде исто така излегоа голем број граѓани. Меѓу неколкуте илјади луѓе кои се собраа на цветниот плоштад имаше родители со деца, млади и ученици, видно вознемирени од трагедијата во училиштето во Врачар. Во Србија од петок е прогласена тридневна жалост.

Осомниченото момче, како што соопшти полицијата, подолго време го планирало нападот. Имал список со имиња и скица.оружјето со кое пукал малолетникот го зел од својот татко, а во ранецот му биле пронајдени и четири молотови коктели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…