ХОРОР: Доктор не си го препознал застреланото дете во вчерашниот масакар
Детето В.П. кое вчера е рането кога на него пукал малолетниот Коста К., во основното училиште Владислав Рибникар, и кој во таа прилика се здобил со тешки повреди на кичмата и главата, бил во толку непрепознатлива состојба, што ни неговиот татко не сфатил за кого се работи, кога стигнал во болница.
Како што дознава српски Информер, ранетото дете е син на пулмологот Спасоје Попевиќ.
Околностите станале уште потрагични, со оглед на тоа дека Попевиќ, кој е началник на пулмологија во КЦС, работел за време на вчерашниот ден и на неговото одделение стигнал токму неговиот ранет син, кој тој не си го препознал од многуте тешки повреди и рани кои му биле нанесени.
Лекарот го здогледал крвавото и изобличено лице на детето, кое било целосно непрепознатливо. Иако колегите му кажале дека тоа е неговиот син, тој не можел да верува. Сепак кога му станало јасно дека се работи за неговото дете кое лежи пред него, докторот целосно избезумен, вриштел и го кинел мантилот во состојба на екстремениот шок кој го доживеал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Земјотрес ја погоди Србија
Земјотрес со јачина од 3 степени според…
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…
Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…