Објавено на:

ФК Партизан истапи од спортското друштво, па остана без име, грб и стадион!

t

Поранешниот српски и југословенски првак и финалист во КЕШ во 1966 година, Партизан дојде до кулминација на кризата од комплетниот хаос, па фудбалската секција реши да истапи од спортското друштво на црно-белите, како одговор на обидот за поставување на привремена управа, после што останува без – име, грб и стадион!

Уште во септември Партизан на Собрание донесе одлука за можно испапување, ама тогаш пожарот брзо се згасна, а обидот за преземање на клубот од актуелната управа со Милорад Вучелиќ и Милош Вазура не помина, Овој двоец неодамна од Собранието доби потпополна поддршка и покрај желбата да си заминат, па сега сѐ колуминира со обидот за инсталација на друга управа, по која следеше – истапување.

Но, со истапувањето според статутот на ЈСД Партизан, фудбалската секција губи сѐ, од име, грб и стадион. А, сето ова е кулминација на војната во црно-белото семејство и двете страни влегуваат во отворен конфликт и ужасна етапа која ќе се води по судските ходници и судските органи ќе решаваат кој е во право.

Ваквиот хаос практично го доведува Партизан на раб на егзистенција, а клубот од поодамна има и финансиски проблеми, едвај го испочитува рокот за да се исплатат долгови за да не се загуби евролиценцата.

Прв човек на ЈСД Партизан е претседателот на кошаркарскиот клуб Остоја Мијаиловиќ, кој ги издигна црно-белите и ги донесе на чекор до фајнлфор, со исплата на компелтните долгови кон доверителите во изминатите пет години, а останува да се подмири уште седум милионскиот долг кон државата за данок, за што веќе има акција и за донации од навивачите.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Почина хрватската новинарка, писателка и колумнистка Ведрана…

Хрватската писателка и новинарка Ведрана Рудан почина…

Москва му се заканува на Лондон по…

Москва го предупреди британскиот владин врв за…

Цела ноќ се гаснеше огнот во прилепско…

Цела ноќ тим од доброволци на Дирекцијата…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…