Објавено на:

ГОЛЕМОТО срце на Лука Дончиќ: Toj ќе ги плати погребите на жртвите во Белград!

t

Да се биде врвен спортист е една работа, но покрај тоа да се биде и извонредно човечко суштество, тоа е нешто што не им успева на многумина. Еден од малкумината великани со чисто срце дефинитивно е Лука Дончиќ, кој реши да покрене хуманитарна акција за да им се помогне на семејствата на жртвите од страшното пукање во Белград во кое вчера во основно училиште животот го загубија осум деца.

Словенецот се понудил да ги плати трошоците околу погребите на починатите, но и да им излезе во пресрет на сите оние на кои ќе им биде потребна стручна помош за надминување оваа хорор-случка.

„Ме боли срцето по трагичниот настан со пукањето во училиштето во Србија и загубените животи, меѓу нив и оние на невини ученици. Моите мисли се со семејствата на жртвите. Преку мојата фондација, ги разгледуваме сите опции за експресна помош на оние на кои им е најпотребна. Исто така, бараме начин за долгорочна помош на студентите, училиштето и семејството, на сите оние на кои дефинитивно ќе треба да им се подаде рака во овие тешки времиња. Ќе објавам повеќе детали штом бидат договорени“, објави Дончиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче до Мицкоски: Ветивте промени во Преговарачката…

На денешната седница на пратенички прашања, претседателот…

Владата ја продава иднината под превезот на…

Најавата од министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска,…

Брисел уште еднаш потврди: Изразивме загриженост за…

Европската комисија контактирала со Министерството за образование…

Жељазков: Европскиот совет строго ќе се придржува…

На почетокот на Европскиот совет, имав средба…

Косово привремено забрани увоз на овци и…

Привремено е забранет увозот во Косово на…