Украина тврди дека Русија ги концентрира во Бахмут припадниците на „Вагнер“ од целиот фронт
Украинската заменичка министерка за одбрана, Хана Малјар, изјави дека не е точно дека платениците на групата „Вагнер“ за пет дена ќе се повлечат од Бахмут, туку дека Русија кон овој град ги префрла сите борци на оваа воена компанија од целата линија на фронтот во Донбас.
Таа оцени дека Русија тоа го прави во обид да го освои градот до одбележувањето на Денот на победата, на 9 мај, пренесуваат британските медиуми.
Русите се склони кон симболики, а нивниот клучен историски мит е 9 мај и тие навистина се насочени кон заземањето на Бахмут до тој датум. Сега гледаме како силите на „Вагнер“ се повлекуваат од целата линија на фронтот каде што дејствуваат и дека се упатуваат во правец на Бахмут“, изјави Малјар на украинската телевизија.
Претходно, сопственикот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, изјави дека неговите сили ќе го напуштат Бахмут на 10 мај бидејќи не добиваат доволно муниција од руското Министерство за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…