Објавено на:

За многу години Ѓурѓовден: Денеска се празнува Светиот Великомаченик Георгиј

t

Овој славен и победоносен светител беше роден во Кападокија од богати и благочестиви родители. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина.

Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта година го стекна чинот трибун и како таков служеше при царот Диоклецијан. Кога овој цар започна страшно гонење на христијаните, Георгиј истапи пред него и одважно исповеда дека е христијанин.

Царот го фрли во затвор, па нареди нозете да му ги стават во клада, а на градите да му положат тежок камен. Потоа нареди да го врзат на тркало под кое имаше штици со големи клинци и така го вртеа додека целото тело не му се направи една голема рана.

По ова го закопа во ров, така што надвор од земјата му беше само главата и го остави во ровот три дена и три ноќи. Потоа со помош на некој магионичар му даде да испие смртоносен отров. Меѓутоа, при сите овие маки, Георгиј непрестајно Го молеше Бога и Бог веднаш го исцелуваше и на големо одушевување на народот, го спасуваше Својот маченик од смртта.

Кога светиот Георгиј воскресна и еден мртовец, тогаш многумина ја примија верата во Христа. Меѓу овие беше и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Валериј, Донат и Терин. Најпосле, царот ги осуди Георгиј и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивна на губилиштето пред да ја убијат, а свети Георгиј го убија во 303 година. Безбројни се чудата што се јавија на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден.

Сиот разгорен од љубов кон Господ Христос, Свети Георгиј без тешкотии остави сè заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет. За оваа љубов Господ го награди со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. И го дарува со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Преподобната маченичка Параскева

Родена е во Рим од родители христијани.…

Денеска се празнува Успение на праведна Ана,…

Мајка на Пресвета Богородица. Денес се празнува…

Православната Црква утре го празнува споменот на…

Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај…

Денеска се празнува Преподобна Макрина

Најстарата сeстра на свети Василиј Вeлики и…

За многу години! Денеска се празнува Светата…

Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабошци.…