Објавено на:

Позната состојбата на сите повредени во масакрите во Србија: Две деца се во критична состојба

t

Момче и девојче од ОУ „Владислав Рибникар“ уште се во критична состојба. Две момчиња и една наставничка кои се лекуваат во Ургентниот центар се добро, а двете момчиња кои се лекуваа во Тиршова се пуштени дома. Сите повредени во престрелката кај Младеновац се оперирани и згрижени. Двајца тешко повредени млади момчиња се оперирани во Клиничко-болничкиот центар „Драгиша Мишовиќ“. Во Ургентниот центар има 9 повредени во трагедијата во селата Младеновац, информираат српските медиуми по неколкуте трагедии кои се случија во Србија во изминатите неколку денови.

По пукањето што се случи кај Младеновац, 8 пациенти се донесени во ургентниот центар на КЦ на Србија, додека уште еден пациент вчера бил префрлен од Смедеревската болница. Двајца пациенти се донесени во КЦ „Д-р Драгиша Мишовиќ“. Еден пациент се уште е таму и е во стабилна состојба по операцијата. Вториот пациент од таа установа поради ортопедски повреди е префрлен во КБЦ Земун, каде му е извршена операција и се наоѓа на одделението за интензивна нега.

За состојбата на пациентите кои по пукањето кај Младеновац беа донесени во Ургентниот центар на КЦС, директорката на таа установа Милика Ашанин вели дека од 7-те оперирани пациенти, тројца се целосно будни и добро. Пациентката која вчера беше префрлена од смедеревската болница, исто така е добро по дополнителни интервенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Во живо) Крстевски: Пониква не е соодветен…

Пониква не е соодветна за рехабилитационен центар…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Монструмот од Грац ѝ испратил проштално видео…

Вооружениот напаѓач осомничен за убиство на десет…

„Беше тивок, никогаш не би рекол дека…

Во масакрот во училиштето во Грац убиени…