Објавено на:

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

t

На 07.05.2023 (недела) поради одржување на улична трка на 10 км насловена како „Халк Еко Скопје трча 10К“, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќај.

Имено со почеток во 08.30 часот до 10.30 часот стартна позиција е на бул.“Илинден“– локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул.“Илинден“ до крстосница со ул.“Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.“Партизански Одреди“, десно до Влајков мост каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.“Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз повторно се враќаат назад на ул.“Никола Парапунов“ и по бул.“Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.“Илинден“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници каде што ќе се одвива настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ПРЕД КЛИНИЧКИ: Смачкани се…

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на…

Тошковски откри кога ќе почнат да доаѓаат…

Во вечерашната емисија ClickPlus на ТВ21, министерот…

Прскање против комарци во сабота во Скопје,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Претепан вработен во казино од три лица…

Денеска во 00.20 часот во СВР Скопје,…