Објавено на:

Ѓоковиќ во Рим има шанса да постави нов рекорд во тенискиот свет!

t

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ од наредната недела ќе учествува на мастерсот во Рим, еден од неговите омилени турнири.

Ѓоковиќ има шанса да помести граница на уште еден рекорд во светот на тенисот, а тоа ќе се случи доколку не испадне пред четвртфиналето во Рим.

Србинот дури 16 пати играше во четвртфиналето во Рим, ако и овојпат стигне до таму, тој ќе стане првиот тенисер со 17 четвртфиналиња на еден ист мастерс турнир.

Во моментов Ѓоковиќ е израмнет со Надал со по 16 четвртфиналиња на еден турнир.

Шпанскиот тениски ас има 16 четвртфиналиња во Монте Карло, Рим и Мадрид. Тој поради повреда нема да игра на престојниот мастерс во Италија.

Најмногу четвртфиналиња на еден мастерес 1000 турнир:
16 – Рафаел Надал (Монте Карло, Рим, Мадрид)
16 – Новак Ѓоковиќ (Рим)

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Почина хрватската новинарка, писателка и колумнистка Ведрана…

Хрватската писателка и новинарка Ведрана Рудан почина…

Москва му се заканува на Лондон по…

Москва го предупреди британскиот владин врв за…

Цела ноќ се гаснеше огнот во прилепско…

Цела ноќ тим од доброволци на Дирекцијата…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…