ЦИА: Русија најверојатно нема да користи нуклеарно оружје
Директорката на американската ЦИА Аврил Хејнс денеска изјави дека Русија најверојатно нема да користи нуклеарно оружје, и покрај таканареченото „штракање со оружјето“ од Кремљ и жртвите што Москва ги трпи во инвазијата на Украина.
Нуклеарните тензии меѓу Русија и САД се зголемија од почетокот на конфликтот со Украина, а Путин постојано предупредуваше дека Русија е подготвена да го искористи својот нуклеарен арсенал доколку е потребно за да го одбрани својот „територијален интегритет“, потсетува Ројтерс.
„Тоа е малку веројатно. Тоа е нашата моментална проценка“, рече Хејнс, но не образложи за таа проценка.
Во февруари Путин објави дека Русија го суспендира своето учество во Новиот договор СТАРТ, последниот актуелен пакт за нуклеарно оружје со САД, кој го ограничува бројот на стратешки боеви глави што секоја страна може да ги распореди.
Минатиот месец, неименуван американски дипломат рече дека САД и нивните сојузници во НАТО треба да внимаваат на индициите дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да употреби тактичко нуклеарно оружје во „контролирана“ ескалација на неговата во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнуваат Светите седуммина младенци во…
Во времето на царот Декиј имаше големо…
Стабилно и топло време со температури до…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Германски град препорача евакуација поради голем пожар…
Германски град во близина на белгиската граница…
„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…
ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…
Етаблираните партии, оние кои сега се власт…