Денеска го празнуваме Светиот маченик Сава Стратилат
Овој славен Сава живееше во Рим во времето на царот Аврелијан и имаше војводски чин. По потекло беше Гот. Често ги посетуваше христијаните по затворите и им помагаше со својот имот. Заради неговата голема чистота и подвигот на испосништво, Бог му даде власт над нечистите духови. Кога го обвинија како христијанин, тој смело застана пред царот, го фрли пред него својот војнички појас и јавно Го исповеда Господ Христос. Беше мачен со разновидни маки: го биеја, го стружеа со железо и го гореа со свеќи. Но, не им подлегна на смртоносните маки, туку се јави жив и здрав. Неговите другари, војници, гледајќи дека на Сава очигледно му помага Бог, се обратија кон Христа. Седумдесетмина од нив беа веднаш убиени со меч.
Самиот Господ му се јави во затворот на свети Сава во голема светлина и го укрепи Својот маченик. По ова Сава беше осуден на смрт со потопување во вода. Го фрлија во длабока река, па Му ја предаде душата на Бога во 272 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп директно го обвини Иран за терористичкиот…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска директно го…
Илјадници приврзаници на Имран Кан тргнаа кон…
Илјадници поддржувачи на затворениот поранешен пакистански премиер…
Нов напад во Ормускиот Теснец – погоден…
Нов брод е погоден во Ормускиот Теснец,…
Град Скопје и скопските општини ги наградија…
По повод 5 Октомври – Светскиот ден…
Стојаноски бара Брисел да седне на маса…
Македонија и Бугарија најпрво треба директно да…