Од утре во Србија ќе има полиција во сите училишта
Од утре, од 8 часот во крајот на наставата ќе има полиција во сите училишта во Србија, изјави државниот секретар во МВР Данило Стевандиќ. Стевандиќ рече и дека МВР годинава ќе вработи 1.200 нови полицајци.
„Веќе утре од осум часот, пред почетокот на наставата, во сите училишта во Србија, а ги има околу 1.800, до крајот на наставата ќе бидат присутни полициски службеници, кои ќе делуваат како превентивна мерка за спречување да се појават прекршоци и да се спречи тие да се направат“, рече Стевандиќ.
Во Белград има 331 училиште и околу 140 училишни полицајци кои се ангажирани да бидат во училиштата. Зголемен број на полициски службеници ќе има на плоштади, улици, железнички и автобуски станици, спортски настани.
Оваа одлука е донесена по страшниот масакр во белградската населба Врачар на 4 мај, кога во основното училиште „Владислав Рибникар“ 14-годишен ученик застрела 8 деца и член на обезбедувањето. Основците од „Владислав Рибникар“ од 10 мај ќе се враќаат на настава во циклуси, а за тоа училиште е подготвен посебен план како одговор на кризата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…