(Видео) Герасимовски: Додека сум јас градоначалник нема да дозволам градење на Водно – Ќе има одговорност за уништување на шумата

t

Додека сум јас градоначалник на Водно нема да се гради, вели во денешната епизода на МРЕЖА, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

– Во делот на дозволата на Маркеза, оваа тема стана повидлива поради тоа што таму се отпочна активности во изминатите неколку денови.

Истата дозвола е издадена во 2021 година, пред јас да дојдам во општината, дадена е една фаза за дозволата, во меѓувреме откако сум јас во општината доставено е барање за втора фаза кое барање не е прифатено од наша страна и најдовме правен основ како да го стопираме градењето во тој дел на Водно, нешто што јас најавив во предизборниот период, дека нема да дозволиме сечење дрва на Водно.

За жал истиот ДУП е укинат од страна на судот и во моментов треба да отпочнеме со изработка на нов ДУП кој ќе чини повеќе и последната седница на Совет предвидовме средста за отпочнување и носење да ДУП-от Ј07, објаснува градоначалникот.

Герасимовски вели дека носењето градежна механизација таму е противзаконски.

-Тоа е незаконски, од тоа што јас го видов, дента кога беа пуштени раобтници беа и нашите инспектори на терен, имавме комуникација со МВР, тоа ќе биде санкционирано од наша страна, за зеленилото кое е уништено. Ќе бидат казнети поради тоа што е оштетена шумата.

Соседите не се согласуваат со градење на тие парцели.

– Секако дека не, ние имавме доста средби со соседите и нивниот адвокат кадешто разговаравме во тој дел и јас ветив дека додека сум јас тука нема да дозволам градба на тие парцели.

Таму во омментов нема ДУП и ние не можеме да постапуваме таму, за оваа парцела има правосилно решение истото се поништува ако не се почне со градба две години. Мое мислење е дека целта на инвеститорот е да отпочне градба, вели Герасимовски.

За повеќе информации во врска со темата следете ја МРЕЖА на линкот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прегазена 65-годишна жена во Скопје

На 11.05.2024 во 13.35 часот во СВР…

67 годишна Скопјанка нападнала 24 годишна кираџика…

Дваесет и четиригодишна девојка од Крива Паланка…

Обид за грабеж и закани со оружје…

На 10.05.2024 во 23.18 часот во СВР…

Во недела посебен сообраќаен режим во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје…

Атина очекува да ги чуе позициите на…

Чекаме да ги видиме декларациите на новата…