Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста
На денешната прес-конференција на пратеници-предлагачи на измените на Изборниот законик, со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, меѓу другото нагласи:
„Со една изборна единица ќе започне силен процес на демократизација и јакнење на одговорноста на носителите на јавни функции, ќе се демонтира монополската положба на владеење на една партија, секој глас ќе има иста тежина, а составот на Парламентот ќе биде одраз на определбата на граѓаните кои ќе имаат можност за избор.
Со воведување една изборна единица, како и со отстранување на системските предности на четирите партии поврзани со финансирање на изборната кампања, медиумскиот простор за политичко претставување и државното финансирање на партиски институти, ќе се создадат еднакви услови за политички натпревар и при носењето круцијални и други стратешки одлуки ќе учествуваат повеќе партии и поединци.
Досега донесувањето на измените на законот го блокираат СДСМ и ДУИ“.
Инаку, предлог измените на Изборниот законик во парламентарна постапка се повеќе од две години. Предлог-законот е доставен до Собранието на 5 март 2021 година, на дневен ред е ставен на 41-та седница на Собранието, закажана за 18 мај 2021 година. По една година, одржана е расправа на Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците (на 22.3.2022) и на Законодавно-правната комисија (на 23.3.2022), при што е одлучено дека предлог-измените се прифатливи и да се дадат на натамошно читање (да се одржи пленарна седница).
Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците предложи Собранието да организира и јавна дискусија, помеѓу првото и второто читање на предлог-законот.
Повеќе од јасно е дека спротивно на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, измените се блокирани и за тоа мора да има политичка одговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во 10 кавадаречки училишта поставени „течни дрва“…
Во десет училишта во Кавадарци се произведени…
Пелистер добива нов мониторинг објект над Маловишта
Вработени во ЈУ Национален парк „Пелистер“, заедно…
Task Force удри по нарко-трговијата: 20 лица…
Дваесет лица, меѓу кои и двајца странски…
Нова градинка во Теарце: 10 занимални и…
Во Општина Теарце денеска беше отворена детската…
Сиљановска-Давкова со претставнички на „До бебе по…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со…