(Видео) Мицкоски доби шлаканица пред цела јавност од човекот кој го постави на чело на ССК – Коридорите кои ги градат Бехтел и Енка се многу значајни за сите нас, опозицијата да седне и да се договори со власта
Врела шлаканица, само вака може да се објасни денешниот настан на кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сретна со претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски.
Имено опозицијата како главна тема со недели ја држи критиката на изградбата на коридорите 8 и 10д иако како што дознаваме од високи владини претставници за истата лично Мицкоски дал амин да почне да се гради со единствено ветување дека нема да ја кочи нивната реализација на ниту еден начин или истата да ја политизира.
Сепак Мицкоски не го одржа ова ветување кон власта па така и денешната средба со претставници на ССК ја искористи за критика на проектот за изградба на коридорите 8 и 10д иако ништо не стори да ги спречи во текот на гласањето во Собранието на Република Македонија каде многу лесно можеше да го блокира специјалниот Закон и законите кои произлегуваат од договорот.
Но врелиот шамар дојде од неочекувано место токму лично од Ангелоски кој потенцираше дека овие коридори се многу значајни за целото стопанство и државата и дека истите не се ниту за власта, ниту опозицијата.
Тој го повика Мицкоски на конструктивност повикувајќи го да седне на маса и да стори се овие коридори да се завршат час поскоро.
-Би сакал да додадам во однос на коридорите уште еден детал. Мислам дека оваа тензија која постои во нашето општество по однос на овие прашања дека на некој начин треба да се редуцира. Ова е голем проект меѓутоа постојат и уште неколку помали кои за жал гледаме дека се заглавени. Треба да седнат и опозицијата и позицијата и останатите релевантни субјекти вклучително и стопанските комори, професионални здруженија на архитекти и градежници, итн сите да го дадат својот доприност затоа што овие коридори нема да бидат ниту само за опозицијата, ниту само за опозицијата. Ќе треба генерации да ги користат и затоа ќе треба заеднички конструктивно да се седне да се разговара. Најдоброто од нашето општество да го собереме се со цел на најефикасен начин и со најмалку можни трошоци да ги реализираме. Така да секогаш сме спремни да го дадеме својот допринос. И денеска имавме конструктивна дискусија на таа тема, мислам дека никому не му прија негативната атмосфера, така да се трудиме да го извлечеме најдоброто од нас, вели тој.
Она кое што можеби најмногу изненадува е фактот што Ангелоски доби поддршка за да седне на чело на оваа комора токму од Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…