Беа струја утре делови од Ѓорче и Сарај, без вода Кисела Вода и Аеродром
Регионалниот центар за управување со кризи, по добиени информации од ЕВН Македонија и Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека делови од општините Сарај и Ѓорче Петров ќе останат без електрична енергија во текот на утрешниот ден, а делови од општините Кисела Вода и Аеродром ќе имаат прекинато водоснабдување.
Како што информираат од РЦУК, поради планирани технички интервенции во електродистрибутивнта мрежа во текот на утрешниот ден, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во село Љубин во Општина Сарај, односно од 09:00 часот до 13:00 часот, како и викендиците во Веле Поле, дел од село Кучково, викендиците во Кучково, Караула Чашка и село Грчани во Општина Ѓорче Петров, односно од 09:00 часот до 12:00 часот.
Додека поради дефект на затворач на булеварот „Видео Смилевски Бато“ бб, од РЦУК известуваат дека утре од 09:00 часот се до санација на дефектот без вода ќе останат корисниците од Реонски Центар – населба Ново Лисиче во Општина Аеродром, а во истиот период, поради изведување на водоводен приклучок ф-200 мм на ул. Христо Татарчев 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица „Христо Татарчев“, како и делови од улиците „Пушкинова“, „Петар Делјан“ и „Борис Трајковски“ во Општина Кисела Вода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова градинка во Теарце: 10 занимални и…
Во Општина Теарце денеска беше отворена детската…
Сиљановска-Давкова со претставнички на „До бебе по…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со…
Мистер Бин се враќа: Роуан Аткинсон повторно…
Британскиот актер и комичар Роуан Аткинсон ќе…
Де Ниро распали по Трамп: „Тргнете ги…
Холивудската легенда Роберт де Ниро повторно жестоко…
МЕА: ослободени 325 милиони барели од итните…
Земјите членки на Меѓународната агенција за енергија…