Една приказна, а повеќе генерации – стихови за Денот на македонскиот јазик
„Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина“, „Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право“, „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“, „Тамо зората греит душата и с’нце светло зајдвит в гората“, „Кажете ѝ на мајка ми нека не жали оти сепак ние ќе победиме!“, „Кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава“, „Со една надеж, за трошка љубов, за малку среќа, живееме“, како и „За овој свет, кој ни е единствен, и со детска насмевка треба да се бориме. За овој свет!“.
Свечена беше вечерта над македонското небо, достојна за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, кога цитати кои будат длабоки чувства за македонскиот идентитет, литература и култура, за нашата самобитност, гордо и моќно беа прикажани преку видеопроекции на повеќе објекти во државава.
Стиховите на Блаже Конески, Крсте Петков Мисирков, Григор Прличев, Константин Миладинов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Ацо Караманов, Ацо Шопов, Видое Подгорец, Лазо Каровски, Влатко Стефановски, Тоше Проески и Весна Малинова се една приказна која поврзува повеќе генерации дејци и писатели, преку чии мисли и стихови се гради слика на македонската историја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…