Вечните ривали на мегдан во Скопје – Комити најавуваат полн стадион
Откако Воска Спорт го завери пласманот во Првата лига, денеска Гостивар на домашен терен против најслабиот и веќе испаднат второлигаш Борец ќе го заверува настапот во македонската „елита“, а најтрофејниот македонски клуб Вардар во вечното „ел класико“ со Пелистер во Маџари треба да остане непоразен за да го запечати баражот за пласман во прволигашката конкуренција.
Ако разврската на врвот денеска поизгледно е да биде разрешена, многу возбуда ќе има во пеколната битка за опстанокот во ова претпоследно вонредно 29-то коло, во кое Пелистер само теоретски може да го прескокне Вардар, прво ако победи на денешното „ел класико“, ама црвено-црните да загубат и во сабота во Гевгелија кај Кожув, што е многу нереално.
Шесте бода предност на Вардар му даваат комоција само со еден бод да го завери баражот во кој за Прва лига многу извесно ќе се бори со Скопје, а првата шанса за избраниците на Бобан Грнчаров после поразот од Тетекс ја имаат денеска и тоа во директен дуел до големиот ривал, чие останување во второлигашката конкуренција е тотален неуспех откако клубот со огромни амбиции да се врати експрено во Првата лига тргна во оваа сезона.
Гостивар не треба да има никаков проблем за да ја завери Првата лига, зашто за такво нешто им треба и еден бод, но колку е мизерен Борец, прашањето е само со колку разлика ќе победат гостиварци.
Многу големи возбудувања ќе донесат две пресметки денеска кои директно решаваат за опстанокот. Првото дерби е во Македонска Каменица, каде Саса ја чека Локомотива Пехчево во директен дуел и за сигурен опстанок, а Тетекс во Тетово против Кожув ќе мора да победи за да остане во игра не само за директен опстанок, туку и за најмалку бараж
Тетовци со 25 бода се зад Саса и Локомотива кои имаат по 27, па за бараж на „штофарите“ им одговара и реми на ривалите во меѓусебната пресметка зашто имаат подобар меѓусебен скор од Локомотива, но не и од Саса. Сепак, многу поизгледно е дека последното коло ќе решава сѐ во кое и Тетекс и К. Саса имаат исклучително тешки гостувања, за разлика од домашен меч на Локомотива, но тоа што е главно Тетекс денеска не смее да не победи, зашто може да си го потпише испаѓањето.
Теоретски во игра сѐ уште е и Слога Виница, која прво дома мора да го победи Охрид, а и да чека да се поклопат резултатите за да има шанса во последните 90 минути за спас, но виничани со пет бода заостаток зад Саса и Локомотива, најмногу што може да достигне е баражот, иако и тој од оваа перспектива делува – скоро недостижен.
ВТОРА ЛИГА, 29. КОЛО (17 ЧАСОТ)
Каменица Саса – Локомотива Пехчево
Тетекс – Кожув
Вардар – Пелистер
Беса – Караорман
Гостивар – Борец
Воска Спорт – Детонит Плачковица
Слога Виница – Охрид
Беласица – Арсими
ТАБЕЛА: Воска Спорт 69 (Прва лига), Гостивар 67, Вардар 62, Пелистер 56, Детонит П. 47, Беса 45, Охрид 38, Арсими 37, Беласица 35, Караорман 34, Кожув 33, Локомотива П. 27, К. Саса 27, Тетекс 25, Слога В. 22, Борец 2 (испаднат).
ПОСЛЕДНО КОЛО (13 МАЈ): Арсими – Тетекс, Борец – Воска Спорт, Детонит Плачковица – Слога Виница, Караорман – Гостивар, Кожув – Вардар, Локомотива Пехчево – Беса, Охрид – Беласица, Пелистер – Каменица Саса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дел од вработените на Клинички ќе паркираат…
Министерството за здравство во договор со компанијата…
Медведев до Трамп: Добро започнавте, честитки, господине…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската…
И Германија го повика Иран да разговара…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повикува Иран…
Кога имате ситуација директор на АНБ фалсификатор,…
Лојалност– награда – глупост Можеби ви изгледа…
Иранска опозиционерка: Време е Хамнеи да си…
Марјам Раџави, претседателка на опозицискиот Национален совет…