Објавено на:

Конечно се огласи директорката на училиштето каде Коста направи масакр, еве што кажа таа

t

За прв пат се огласи Снежана Кнежевиќ, директорката на основното училиште „Владислав Рибникар“ каде имаше масовно пукање, кога ученик од седмо одделение (13) уби осум ученици и чувар, а рани уште шест негови пријатели и професор по историја.

-Знам дека должност на секој што е на чело на јавна институција е да комуницира со медиумите, а особено сега да им се обрати, но ние сме во ситуација во која никој досега не бил, рече Кнежевиќ.

Директорката на ОУ „Владислав Рибникар“ објасни дека како и досега се води од моралот и дека сака достоинствено да завршат сите процеси во оваа посебна ситуација.

Сакала, вели, да ги испрати сите настрадани деца во вечното почивалиште, како и чуварот на тоа училиште и да ја следи состојбата на останатите ученици и наставничката кои беа ранети во овој масакр.

-По ваквите настани немав време да се занимавам со невистините што се појавија во медиумите, истакнува Снежена и додава дека најмногу се занимавала со процесот во кој сите во училиштето се обидуваат на најдобар можен начин да дојдат до решение за децата.

Снежана Кнежевиќ уште еднаш побара трпение и порача дека навремено ќе одговори на сите прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…