Ковачев и “екипата” претставувале ризик по јавниот мир и безбедност, затоа не биле пуштени во Македонија!

t

За Владата на Македонија приоритетно прашање е членството во ЕУ. За таа цел се ставени на располагање сите владини и административни ресурси за успешно завршување на скрининг процесот и отворање на првиот кластер – фундаменти, индормираат од Министерството за надворешни работи.

-Паралелно се работи и на уставните измени кои влегуваат во клучна фаза, каде за кратко време работната група треба да излезе со предлог амандманите.

Сензитивноста на овој процес не остава простор за преземање на најмал ризик кој би влијаел негативно на успешното спроведување на измените.

Во таа насока, на 6 мај, на граничниот премин Ново Село, „поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно законот за странци, не било дозволен влез на група од петмина државјани на Република Бугарија“.

Дополнително би сакале да нагласиме дека во оваа група со која патувал и европратеникот Андреј Ковачев, имало лица за кои во Министерството за внатрешни работи има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност. Европратеникот Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донеле таква одлука поради групата со која патувал.

Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Македонија. – информираат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…