Левица: Спротивно на Деловник Џафери ја држи во фиока Резолуцијата против глорификација на фашизмот
Денес навршува една година откако пратениците на #Левица во Собранието ја поднесоа „Предлог-резолуција против рехабилитација и глорификација на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици“, и истата, СПРОТИВНО НА ДЕЛОВНИКОТ, а согласно Софиската платформа, спикерот Џафери ја држи во фиока! – велат од политичката партија Левица.
-Во Резолуцијата се предвидуваат мерки и постапки кои е потребно Владата итно да ги преземе, со цел да го превенира и спречи историскиот ревизионизам, глорифицирањето на неофашистичките идеи и личности, како и промовирањето на мегаломанските великодржавни идеи, кои во последно време се сѐ поактуелни и присутни во јавноста на разни јавни настани, собири, свечености и прослави.
Игнорантското однесување кон Резолуцијата од страна на СДС и ДУИ е показател на нивните тенденција да ја релативизираат жртвата на партизаните дадена во НОБ, важноста на победата над фашизмот, како и отворена намера за прифаќање на ревизионистичките наметнувања, кои во рамки на Софиската платформа, се диригираат од бугарска страна. – соопштија од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Левица“: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од…
Политичката партија „Левица“ преку соопштение обвинува дека…
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…