Бајден потпиша: Ѓоковиќ официјално ќе игра на УС Опен
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, ја укина регулативата за задолжителна вакцинација против корона вирусот за странските посетители, што официјално значи дека Новак Ѓоковиќ ќе може да игра на УС Опен.
Одлуката на Бајден официјално ќе стапи на сила на 12 мај, по завршувањето на вонредната состојба воведена поради пандемијата.
Поради обврската за вакцинација, Ѓоковиќ не можеше да игра лани на УС Опен, како и годинава на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами.
Србинот три пати го освојуваше пехарот во Њујорк, а на последното учество, во 2021 година, во финалето беше поразен од Данило Медведев.
Годинава УС Опен ќе се игра од 28 август до 10 септември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Си Џинпинг пристигнува во САД на 23…
Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе отпатува во…
Трамп му се закани на Оман: „Ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани…
Истече рокот за постигнување договор меѓу САД…
Рокот од 60 дена утврден со меморандум…
(Видео) ВД амбасадорката на САД во Дебар,…
Вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски…
Иран нуди награда од 30.000 долари за…
Иран нуди награда од 30.000 долари за…