Објавено на:

Заврши првото полуфинале на Евровизија: Две балкански земји се пласираа во финалето

t

Под мотото „Обединети од музиката“, вечерва започна 67. издание на Изборот на песна за Евровизија, а Велика Британија како земја домаќин ѝ приреди одлично шоу на публиката во арената во Ливерпул, но и на милионската публика ширум Европа.

Имено, вечерва се одржa првото полуфинале на музичкиот фестивал, а 15 земји учеснички се натпреваруваа за да го обезбедат своето место во големото финале. За жал, само 10 од нив ќе ги видиме повторно во саботната вечер.

Вечерашните финалисти се: Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка.

Според обложувалниците, најголем фаворит за победа на годинашното издание на Евровизија е Шведска, која ја претставува пејачката Лорен со песната „Tattoo“. Како потсетување таа ѝ ја донесе победата на својата земја и во 2012 година, со песната „Euphoria“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австрија победи на Евросонг 2025 во Базел

Австрија победи на Евровизија 2025. Победата ја…

Учесниците на Евровизија не смеат да веат…

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) воведе нови, построги…

Македонија е претпоследна на Детска Евровизија, победник…

Вечерва во Мадрид се одржа 22-то издание…

Швајцарија распишува референдум поради Евровизија

Изборот за песна на Евровизија следната година…

Ѓоковиќ: Дојдов во Шангај со визија да…

Новак Ѓоковиќ по триумфот во полуфиналето на…