Објавено на:

„Училницата на смртта“ останува под клуч: По масакрот, децата се враќаат во училиште, но настава нема да почне – еве што е предвидено

t

Советот на родители на ОУ „Владислав Рибникар“ донесе одлука учениците од ова училиште каде минатата недела се случи невиден масакр, денеска да се вратат на настава.

На вчерашниот Совет на родители на ОУ „Владислав Рибникар“ се расправаше за денешното враќање на наставата откако ученик уби осум деца и чувар во таа образовна институција, а повреди уште шестмина, меѓу кои и наставничката по историја.

Родителите на дел од учениците од ова училиште не се согласија со одлуката да се вратат во училишните клупи, но како што беше претходно најавено, учениците од ова училиште од денеска ќе се вратат на настава.

Како што пренесуваат медиумите, родителите се согласуваат со директорката во одлуката да не се започне веднаш со наставата, туку само со приспособувања во форма на разговор меѓу учениците и наставниците, а по потреба би бил вклучен и психолог.

Помош и поддршка за учениците од ова училиште и сите училишта во Србија, родителите и наставниците обезбедуваат психолози и психијатри од Институтот за ментално здравје, Клиниката за психијатрија КЦС, бројни други здравствени установи и здруженија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…

МВР информира дека синоќа околу 21 часот…

Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…

Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

Тие не заслужиле да се изнајми приватен…

Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…