Панчев и Савичевиќ пред дербито: „Интер има предност пред Милан…“
Вечерва на програмата е првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите меѓу Милан и Интер. „Росонерите“ се прв номинален домаќин на „Сан Сиро“, додека реваншот е за шест дена. Во пресрет на првото дерби, српскиот сајт „Информер“ ги изнесе мислењата на двете југословенски легенди кои играа во различни табори, Дарко Панчев и Дејан Савичевиќ.
Поранешниот македонски голгетер своевремено беше дел од Интер, па и натаму „тежнее“ кон овој клуб. Панчев зборуваше дека Сити е прв фаворит за трофејот, а тешко дека некој ќе му се спротивстави
„Милан е домаќин, но играат на ист стадион кој добро го познаваат, па домашниот терен не дава предност. Голема работа е што два италијански тима се во полуфиналето. Интер е во добра форма, има одлични поединци, додека Милан моментално малку е во пад и на сè тоа се повреди Леао. Ако тој не игра, блага предност му давам на Интер. Чудно е во дербијата, еден момент може да одлучи, не мора ниту играчот да е во форма. Верувам дека Милан и Интер ќе се борат до крајот на вториот меч. Верувам во пласман во финале на Интер, но нема да биде убедливо. Уште пред два месеци зборував дека Манчестер Сити ќе ја освои ЛШ и така ми делува и сега“, кажа Панчев.
Легендата на „росонерите“ Савичевиќ објасни зошто нема да е вечерва на трибините, па направи и кратка анализа. Тој иако нагласи дека ќе навива за Милан со сето срце, смета дека ривалот е подобар.
„Не можев да одам на стадион бидејќи имам обврски, би загубил многу време. Ќе гледам од дома и со сето срце ќе бидам зад својот Милан, иако ми се чини дека Интер моментално е подобар. Голем проблем е што на Милан веројатно ќе му недостига Леао“, прокоментира Савичевиќ.
„Дерби дела Мадонина“ во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе биде спектакл. „Сан Сиро“ е одамна распродаден, билетите не стигнаа ниту до слободна продажба, а тоа е најава за убава фудбалска претстава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…
Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…
Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…
Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…
Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов…
Проектот за уредување на коритото на реката…
Затвор за разговор со странски новинари: Иран…
Иран го заострува притисокот врз медиумите со…