Објавено на:

САД соопштија дека го неутрализирале шпионскиот софтвер наречен „Змија“

t

САД денеска соопштија дека го неутрализирале шпионскиот софтвер наречен „Змија“ (Snake) за кој велат дека руското разузнавање многу пати го користело против земјите-членки на НАТО во изминатите 20 години.

– Благодарение на операцијата со висока технологија што го сврте овој злонамерен руски софтвер против себе, американските безбедносни сили неутрализираа една од најнапредните руски контраразузнавачки алатки, рече заменик-јавниот обвинител Лиза Монако во соопштението.

Прекината е долгогодишната руска кампања за кибер-шпионажа во која беа украдени чувствителни информации од компјутерските мрежи на десетици земји, вклучително и САД и други земји од НАТО. Обвинителите ги поврзаа шпионските операции со единицата на руската Федерална служба за безбедност, или ФСБ, и ги обвинија хакерите за кражба на документи од стотици компјутерски системи кои припаѓаат на владите на НАТО.

– Дваесет години, ФСБ се потпираше на малициозниот софтвер Змија за да спроведува кибер-шпионажа против САД и нашите сојузници … тоа завршува денес, изјави помошникот јавен обвинител на САД, Метју Олсен, шеф на Одделот за национална безбедност на американското Министерство за правда.

Специфичните цели на овие кибер-напади не се именувани, но американските власти ја опишаа шпионската кампања како значајна, и дека успешно извлекувала чувствителни документи од земјите на НАТО, како и дека била насочени кон американските владини агенции и други во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот одреди парична казна од 10 илјади…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…

Ова не е Израел, ниту Иран, ова…

Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…