Објавено на:

Општина Карпош – најхумана општина кога се донираше за настраданите во земјотресите во Турција и Сирија

t

За досегашната плодна соработка и поддршка при имплементација на хуманитарни иницијативи за помош на ранливи групи население, Црвениот крст на РСМ ѝ додели благодарница на Општина Карпош.

Инаку, според официјалните податоци на Црвениот крст, Општина Карпош донирала безмалку 1,5 милиони денари, парични средства наменети за настраданите лица во катастрофалниот земјотрес кој ги зафати граѓаните на Турција и Сирија. Со овој хуман гест, локалната самоуправа од Карпош уште еднаш го покажа својот солидарен капацитет, на начин што обезбеди убедливо најмногу средства од сите општини на ниво на нашата држава.

-Според статистиката на Црвениот Крст вкупно беа собрани 71 милиони денари од кои речиси девет милиони денари се во материјална хуманитарна помош. Во таа насока, во февруари годинава, општинскиот Совет ја усвои одлуката за доделување на финансиски средства во висина од 1 милион денари за двете настрадани држави. Притоа, советниците од Карпош одвоија по 10% од својот паушал, а општинската администрација и градоначалникот исто така донираа парични средства кои ги уплатија на посебна сметка за солидарен фонд, информираа од општина Карпош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Магија на Јокиќ: Асистенција зад грб…

Во НБА лигата во тек се подготвителните…

(Видео) Најнеобичниот изборен инцидент: Граѓаните се „бореа“…

Необична сцена го одбележа изборниот ден во…

Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Жителите на Општина Сопиште добија современо мултифункционално…

Милиони млади под ризик: Дигиталните медиуми се…

Прекумерната употреба на дигитални медиуми кај младите…

(Видео) Крај на старата слика на Бит-пазар:…

Град Скопје започна со активности за уривање…