На пациентка ѝ украле пари од паричникот додека примала инфузија на Инфективна клиника

t

Пациентка од Злетово примала инфузија на Инфективна клиника во комплексот клиники „Мајка Тереза“, но додека ѝ била пружана лекарска услуга ѝ украле пари од паричникот кој ѝ бил во јакната. Јакната и била оставена на столче во близина.

-На 9 мај 2023, во 2 часот и 50 минути во СВР Скопје, 19-годишната М.Т. од Злетово пријавила дека околу 1 часот и 10 минути во комплексот клиники „Мајка Тереза“ додека ѝ била пружана лекарска услуга ѝ биле одземени пари од паричник кој ѝ бил во јакната. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Минатиот месец беше ограбена и на пациентка на Кардиологија. Имено, додека и бил вградуван стент на Клиниката и беше украден златен накит меѓу кој и бурмата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…