(Видео) ПЕКОЛ во Бахмут: Срамнета со земја зграда каде се криеле руски војници
Украински војници денеска соопштија дека принудиле руска пешадиска бригада да се повлече од областа кај Бахмут, потврдувајќи ја неодамнешната изјава на лидерот на руската платеничка група Вагнер дека руските сили побегнале.
Москва не ги коментираше извештаите на ниту една од страните дека 72-та посебна моторизирана стрелачка бригада ги напуштила своите позиции во југозападните предградија на Бахмут.
Руското Министерство за одбрана не одговори на барањето на некои агенции за коментар, а светските агенции истакнуваат дека не можат независно да ја потврдат ситуацијата на теренот.
Руската бригада обично има неколку илјади војници.
На социјалните мрежи се споделува видео како руски војник се засолнува во една зграда, но објектот заедно со војникот за неколку секунди е разнесен во воздух.
Бахмут, град во источна Украина, е главна цел на руската офанзива уште од зимата и во и околу градот се водат најкрвавите борби во Европа од Втората светска војна.
Водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, вчера изјави дека руската бригада ги напуштила своите позиции.
Украинската Трета одделна јуришна бригада денеска соопшти: „Официјално е. Извештајот на Пригожин за бегството на руската 72-та независна моторизирана стрелачка бригада од областа Бахмут и 500-те оставени тела на Руси е вистинит“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…