Објавено на:

Медведев повторно ја стресе Европа: Не постои Полска, постои само војводство што е дел од Руската Федерација

t

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, повторно го тресе светот со неговите карактеристични провокативни изјави.

Овојпат, Медведев вели дека не постои Полска, само Кралство Полска како дел од Руската Федерација.

-Значи, полските русофоби сакаат да ги учат сите историја. Името на рускиот град Калининград не им се допаѓа; наместо тоа предлагаат да се напише Крулевец.

Па, во тој случај, нема Краков за нив; само Кракау.
нема Гдањск; само Данциг.
Не Шчечин; само Стетин.
Не Познан; само Позин.
Не Вроцлав; само Бреслау.
Списокот може да продолжи и понатаму.

И секако, нема Полска; само Војводството Варшава, или Кралството Полска како дел од Руската Федерација, како наследник на Руската империја. – напиша Медведев на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…