Захарова: Вашингтон ја турка Украина во уште пострашни злосторства
Изјавите на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Вашингтон му остава дискреционо право на Киев да ја заштити својата територија, зборува за намерата Украина да се турне во уште пострашни злосторства, изјави на брифингот портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Мислам дека таквите изјави сведочат за намерата да се турка и охрабри режимот во Киев кон уште пострашни злосторства“, рече таа, коментирајќи ја изјавата на Блинкен.
Прес-службата на Кремљ соопшти дека во текот на ноќта на 3 мај, режимот на Киев се обидел да изврши напад со дрон врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ. Два авиони се онеспособени, а во нападот нема жртви или материјална штета. Портпаролот на претседателот Дмитриј Песков подоцна изјави дека рускиот претседател во тоа време не бил во Кремљ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
Трамп нуди награда од милион долари за…
Американскиот претседател Доналд Трамп нуди награда од…
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
САД подготвени за голем напад врз Иран…
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) и американските…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…