Објавено на:

Србија не е и нема да биде платформа за заобиколување на европските санкции кон Русија, вели Брнабиќ

t

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, вечерва разговараше со специјалниот пратеник за спроведување на санкциите на Европската унија, Дејвид О’Саливен, чиј фокус во работата е ангажман во дијалог со трети земји и соработка во заеднички акции насочени кон спречување на заобиколување на санкциите.

Брнабиќ во разговорот рече дека Србија не воведе санкции против Русија, но дека „тоа не е и нема да биде платформа за заобиколување на санкциите воведени од Европската унија“, соопштија од Владата.

„Кога станува збор за војната во Украина, Србија не е вредносно неутрална, а ние сме јасно одлучни во однос на нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина“, рече Брнабиќ и оцени дека Србија е „кредибилен и доверлив партнер“.

О’Саливен разговараше со Брнабиќ за конкретните чекори што треба да се спроведат со трети земји за да се спречи заобиколувањето на санкциите и ѝ се заблагодари за нејзиниот „отворен и конструктивен став и подготвеност за понатамошна соработка“.

Според соопштението, на почетокот на средбата специјалниот пратеник му изразил сочувство на премиерот во врска со трагичните настани што ја потресоа Србија минатата недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…