Милан ќе треба чудо да направи: Седум години не го победиле Интер со повеќе од еден гол!
Првпат после 1994/95, Интер врза три победи во низа против градскиот ривал Милан за да зачекори кон Истанбул и годинешното финале во Лигата на шампионите, после вечерашниот триумф со 2-0, па пред „росонерите“ ќе биде тешка задача за шест дена да возвратат во вториот чин од миланската пресметка во европската елита.
Два гола предност во фудбалот не е недостижно, ама Милан ќе треба да направи вистинско чудо зашто во последниве седум години ниту еднаш не го победиле Интер со повеќе од еден гол разлика.
Последен пат кога Милан славел со два или повеќе разлика е на 31 јануари 2016 година со голови на Алекс, Бака и Нијанг, но оттогаш во таборот на „нераѕурите“ е само Марцело Брозовиќ и Самир Хандановиќ, кој сезонава му е резерва на Андре Онана.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…
Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…
Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…
Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…
Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов…
Проектот за уредување на коритото на реката…
Затвор за разговор со странски новинари: Иран…
Иран го заострува притисокот врз медиумите со…