Ковачевски за Законите за коридорите 8 и 10д: Бидејќи коридорите се европски, законските измени одат преку Комисијата за европски прашања
Станува збор за стратешки европски поврзани коридори и затоа Парламентот вчера одлучи овие закони да се разгледуваат на Комисијата за европски прашања – објасни денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на прашањето за означувањето со европско знаменце на законските измени поврзани со коридорите 8 и 10д.
– Со оглед на тоа дека овие, како и низа други закони беа блокирани во Собранието, а имаат за цел унапредување на различни делови во нашето општество, беше одлучено да одат на Комисијата за европски прашања, која обезбедува нивно побрзо усвојување и побрзо работење на терен. На граѓаните им се потребни коридори, а не дневно политички препукувања – рече Ковачевски.
Ковачевски потенцираше дека европската агенда е единствена агенда на оваа Влада во однос на прашањата поврзани со интеграциите на државата.
– Станува збор за два исклучително важни коридора, но и за други стратешки инвестициски проекти кои се прават или ќе се прават во државата, во делот на патната, железничката или енергетската инфраструктура. Владата поднесе пет измени на закони, односно усогласувања, за да се овозможи побрза и поефикасна градба, но и градба со финансиска конструкција која ќе биде пониска од она што е со постојаната регулатива – рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање, по почетокот на градежните работи на инвестициски проект на компанијата „Магна Мехатроникс“ во ТИРЗ- Штип.
Тој повтори дека изградбата на автопатите на Коридорот 8 и на Коридорот 10д е најголемиот стратешки проект во историјата на нашата држава со којшто ќе се градат 110 километри автопат. – После децении и децении немање автопат кон Албанија и експресен пат кон Бугарија кој што веќе се прави, се овозможува државата да биде поврзана со Коридорот 8. Инаку, Коридорот 8 до сега никогаш не беше на мапата на паневропските коридори и благодарение на Италија, Албанија, Македонија и Бугарија, веќе овој месец нашиот министер за транспорт и врски во Брисел ќе го потпише меморандумот во однос на ставањето на Коридорот 8 на мапата на паневропските коридори, како што е Коридорот 10 единствен коридор во државата кој што ние до сега го имаме – рече Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…