Ковачевски: Ние преговараме со ЕУ, не со Бугарија

t

„Ние преговараме со ЕУ, не со Софија. Тоа треба да го разјасниме. Тие нека си зборуваат таму во делот на Бугарија, во делот на обезбедување на нивно мнзоинство во паралмент итн“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој додаде дека често пати изјавите од бугарските политичари се резултат на долготрајната политичка кампања во таа држава.

„Ние ги исполнуваме нашите обвррски во преговарачката рамка. Еден од условите е и вметнувањето на други делови на народи во нашиот устав. Ќе влезат и Црногорците и Хрватите и Евреите ќе бидат предлог итн. Ова е прв пат во историјата блокадата да не доаѓа од надвор туку од внатре“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има неконзистентни ставови по ова прашања и еднаш пред премиерот на Бугарија го поддржува Договорот за добрососедство, на бугарски јазик, потоа не го поддржува.

„Второ, кога дојде премиерот Петков кажаа дека уставните измени не се проблем за нив, за да утредента каже не поддржувам уставни измени. После тоа вели, ќе дадам оставка ако и еден пратеник гласа за уставните измени, па писмени изјави им бараше и кажа дека по никоја цена нема да има уставни измени. За да после каже по хрватскиот модел може да има уставни измени и за да на крај во овој парламентарен состав нема да има уставни измени“ рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…

Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Австралија не разговара со ЕУ за придружно…

Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…

Бугарија дава по 50 евра помош за…

Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…

Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…

ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…