Интер има 100-годишен навивач кој би се откажал од пензијата само тимот да игра финале во ЛШ
„Дербито Дела Мадонина“, како што го нарекуваат градското дерби помеѓу Милан и Интер, нуди богата историја и романтични приказни како таа на 100-годишниот Енрико Ванцини, кој е веројатно најстариот фан на Интер, а дури лани првпат стапна на стадионот „Сан Сиро“.
За 100-тиот роденден доби подарок дрес со неговото име на грбот.
„За Интер почнав да навивам кога имав седум години, над 90 години сум Нераѕуро, а не можев да одам на стадион, немав пари. Се молам на Бог Интер да игра финале на ЛШ, за пласман во финале би се откажал од мојата мала пензија“, раскажува Енрико, кој живее во старечки дом во Падова, а во младоста учествувал во Втората светска војна и бил заробен од Германците и однесен во логорот Дахау.
Тој има и совет до тимот на тренерот Симоне Инѕаги.
„Не треба премногу да се заморуваме во првото полувреме и поtoa да паднеме во второто. Треба силите рамномерно да се распоредат“, советува Енрико.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…