Објавено на:

Мелони вети поддршка за Украина “колку што е потребно”

t

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ѝ вети во саботата на Украина поддршка од Италија во нејзините напори да ја одбие „бруталната и неправедна руска агресија колку и да биде потребно во иднина“.

На прес-конференцијата одржана заедно со украинскиот претседател Володомир Зеленски, премиерката Џорџ Мелони рече дека Италија ќе продолжи да ја снабдува Украина со оружје и ќе ја поддржува неговата земја сѐ додека тоа биде потребно.

„Се обложуваме на победата на Украина“, рече Мелони.

Претходно во саботата Зеленски се сретна и со италијанскиот претседател Серџо Матарела во дворецот Квиринале, а по средбата во Мелони стаса во Ватикан на аудиенција кај папата Франиск.

Медиумите известуваат дека поради посетата на Зеленски преземени се обемни безбедносни мерки, а оти италијанската престолнина Рим е речиси целосно парализирана во текот на целиот ден поради минувањето на колоната со украинскиот претседател и членовите на неговата делегација.

Мелони го нарече Зеленски „свој пријател“ и порача дека Киев „мора да биде во силна позиција“ за да преговара со Русија.

„Бидејќи мирот не може да следи по капитулацијата, бидејќи тоа би бил опасен мир за Европа“, рече Мелони е челничка на крајно десничарската партија Браќа на Италија (FdI) и го презема приматот во десничарскиот табор откако работеше многу својата партија да ја направи „салонска“ и де се ослободи од постфашистичката етикета која ја следеше.

Имено, нејзината партија е основана во 2012 година на темелите на постфашистичката партија Италијанско општествено движење којашто престана да постои во 1990 година.

Мелони на прес-конференцијата со Зеленски изјави дека силно го поддржува настојувањето на Украина да ѝ се придружи на Европската унија. Киев се надева дека годинава ќе ги започне преговорите со за пристапување на ЕУ.

„Киев не се ори само за себе, туку и за остатокот на Европа, за сите нас“, рече Мелони.

Зеленски ѝ се заблагодари на Италија за поддршката, а особено бил трогнат од бројните украински знамиња кои ги видел на улиците на Рим. Ги пофали потезите кои ги преземала Италија за да „стане енергетски независна“ во однос на Русија.

„Со тоа на терористичката држава ѝ се избива од рацете средството за притисок врз вас. Вие сте многу силни, нема начини да бидете манипулирани, а тоа е многу важно“, рече Зеленски обраќајќи ѝ се на Мелони.

Повторно истакна дека од подрачјето на Украина „се грабнати околу 200.000 деца“ и ги повика италијанските политичари да ја посетат неговата земја „за да се уверат во тоа што (рускиот претседател) Владимир Путин ѝ го направи со својата инвазија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Украина врати група воени заробеници во Русија

Украина ја врати втората група руски војници…

ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…

Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…