Објавено на:

Кремљ категорично ги отфрла сите обвинувања дека се меша во турските избори за претседател

t

Москва категорично ги отфрла сите обвинувања на турската опозиција дека наводно е вмешана во изборите во таа земја, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.


„Изјавата на кандидатот за турски претседател Кемал Киличдароглу крена голема прашина во Турција. Воедно објавивме дека категорично ги отфрламе сите обвинувања дека сме вмешани во изборите во Турција. За тоа не може да стане збор“, нагласи тој.
Песков оцени и дека лидерот на турската опозиција не презентирал никакви докази за поддршка на таквите изјави.
„Сигурни сме дека тоа не може да го докаже бидејќи нема докази“, рече тој.


Песков додаде дека Кремљ е крајно разочаран од ваквите изјави на Киличдароглу, кои „се во директна спротивност со принципите поставени од основачот на Република Турција, Кемал Ататурк“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…