Бегање од банкрот: Напредуваат преговорите за подигање на горната дозволена граница за задолжување на САД, вели Бајден
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека преговорите со Конгресот за подигање на плафонот за задолжување на американската влада напредуваат и дека повеќе ќе се знае за нивниот напредок во следните два дена.
„Мислам дека тие се подобруваат, тешко е да се каже. Сè уште не сме достигнале критична точка“, изјави Бајден пред новинарите, пренесе Ројтерс.
Се очекува Бајден на почетокот на следната недела да се сретне со претседателот на Претставничкиот дом на републиканците, Кевин Мекарти и други конгресни лидери, за да ги продолжат преговорите.
Министерството за финансии најави дека до 1 јуни може да остане без пари доколку конгресмените не ја подигнат горната граница на јавниот долг.
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во средата дека неуспехот на Конгресот да дејствува пред буџетот да остане без пари за плаќање на државните трошоци, ризикува да ја втурне американската економија во рецесија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…