Добро утро со Инфомакс: Оваа бунтовна земја од смрт ја кренавме сами
Ацо Шопов е еден од најистакнатите македонски поети и партизани, човек кој своите сведоштва од антифашистичката борба и љубовта кон татковината ги преточи во поезија која и денес го одзема здивот на читателите.
Добро утро Македонци, уживајте во “Во градот на Орцета”:
Во градот на Орцета
Сред мрачна бусија скриен,
ко крвник
в дивјачка ера,
Ти биеш
во нашата пролет
и сипаш
отров
и пелин.
Но слушај!
Оваа земја –
родена
в памена вера,
не ќе ја залијат в крви
твоите отровни стрели!
Ти в мрачна бусија дебнеш
и коваш завера тешка.
Но, твој’та усмивка змијска
в пакоста
ликува рано.
На бури,
секакво време,
свикнале нашите плешки, –
низ пепел
оваа земја
пркосно израсна в планот
Јас градам
во градот на Орце,
со мене чекори Цветан,
со мене чекорат
в стројот
илјади калени борци.
Нив не ги прегази вчера
тешката железна пета, –
тие ја сретнаа смело,
без страв
ја разбија
в бојот!
Од тогаш
не мина многу,
пет
само
минаа лета,
за тоа –
запиши
сметај! –
До својата
триеста
година,
не видов дом
ни родина!
И раснев
в неволја горка,
без парче леб –
ко в туѓина,
без тврда ражена корка.
А погледај,
денес –
во фабрика нова,
во фабрика светла,
широка и чиста,
не жолтици гради
испиени роват,
а в неа
се леат
и радост и смеа, –
во победен јуриш иднината листа!
Плискаат белини –
наши виделини –
над градој,
заводи,
целини.
А мене ми мило
и драго
и леко,
мислам –
дека в срце го стоплувам векот.
Та, зошто да кријам,
јас добро се бијам, –
само в една смена
девет норми вадам,
и сé уште,
чинам
потаму ќе минам,
и повеќе многу ќе можам да дадам.
Да, повеќе многу јас можам да дадам,
за тоа
што градам
за –
себе,
за –
нас,
за нашата
скапо
освоена власт,
за тоа
што тука –
в крај убав и цветен,
на брегот,
кај Вардар
до градина тече,
се игра со сонце
од утро до вечер
и моето ведро
и безгрижно дете!
А в мрачна бусија скриен,
со темно крваво лико,
ти жртви
притаен
чекаш..
Но, нека!
В сурова војна
ние не чекавме ничкум
да светнат вашите штикој!
Оваа бунтовна земја –
на нови денови весник,
од смрт ја кренавме сами,
сами ја коваме в песни!
Ти сипаш
отров
и пелин,
а тука заводи никнат,
се крева армија бојна,
армија –
пркосни творци,
да листа огнена младост
и вечно животот блика,
да стане градина – пролет
градот на Цветан
и Орце!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…
Не постои запис кој ќе потврди како…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…